Ferdi Türkten
14 Јуни 2021•Ажурирај: 14 Јуни 2021
БРИСЕЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Брисел се состана со францускиот претседател Емануел Макрон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Состанокот на двајцата лидери е организиран во рамките на Самитот на НАТО и се одржува зад затворени врати во штабот на НАТО.
Планирано е Ердоган да се состане и со претседателот на САД, Џо Бајден, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел и со уште неколку лидери.
Лидерите на земјите на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) се собираат денес на Самитот што се одржува со зајакнати безбедносни мерки во седиштето на организацијата во Брисел.
Претседателите и премиерите на 30 членки на НАТО за време на Самитот ќе разговараат за низа теми и ќе одржат низа билатерални средби и тоа со почитување на мерките за борбата против пандемијата на Ковид-19.
Челниците на НАТО ќе разговараат и ќе донесат одлуки што би можеле да бидат водилка на таа организација за наредните десет години, а првенствено тоа ќе бидат теми од стратешкиот концепт на НАТО, подемите на Русија и Кина, влијанието на климатските промени врз безбедноста, киберзаканите, опасните технологии и завршувањето на мисиите во Авганистан.
Последниот самит на лидерите на НАТО е одржан во декември 2019 година во Велика Британија.