Erhan Cihan Ünal
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
АНКАРА
Институтот за статистика на Турција ги објави статистичките податоци за туризмот во земјата за периодот јануари - март оваа година, известува Агенција Анадолија.
Според тие податоци, приходите од туризам во Турција во првиот квартал изнесуваат 2.452.213.000 долари, што претставува намалување од 40,2 % во споредба со истиот период претходната година. Од приходите од туризам (со исклучок на роаминг за мобилен телефон и услуги за пристаниште), 68,8 % се од странски посетители, додека 31,2 % се од турски државјани што живеат во странство.
Во наведениот период, 2.296.854.000 долари од приходите претставуваат лични трошоци, додека 155.359.000 долари се средства потрошени на туристички пакет-аранжмани.
Во првиот квартал од годинава, здравствените трошоци се зголемија за 4,7 %, трошоците на туристите за спорт, образование и култура се намалија за 79,5 %, средствата потрошени на туристички пакет-аранжмани (од делот кој ѝ останува на Турција) бележи намалување од 71 %, додека трошоците за туристички услуги се намалија за 62,4 %.
Во овој период, просечниот трошок за преноќување изнесува 56 долари. Просечната потрошувачка на странците што преноќуваат во Турција изнесува 64 долари, додека просечната потрошувачка на турските државјани што живеат во странство изнесува 44 долари.
Странците најмногу ја посетија Турција заради „екскурзија, патувања, спортски и културни активности“.
Бројот на посетители што заминуваат од Турција во првиот квартал од оваа година изнесува 2.600.468 лица, што претставува намалување од 53,9 % во споредба со истиот период минатата година.
Од нив 70,2 %, поточно 1.826.227 биле странци, додека 29,8 %, или 774.241 биле турски државјани што живеат во странство.
За време на споменатиот период, 54,9 % од странците што ја посетиле Турција, тоа го сториле заради „екскурзија, забава, спортски и културни активности“. На второ место, во истиот период минатата година, 23,3 % се „посета на роднини и пријатели“, а на трето место со 8,8 % се посети заради „деловна активност (конференција, состанок, должност и сл.)“.
Од турските државјани, 66 % што живеат во странство доаѓаат во Турција со цел „посета на роднини и пријатели“.
Трошоците направени при посета на други земји од страна на турските државјани што живеат во матичната земја во првиот квартал изнесува 236.423.000 долари, што претставува намалување од 70,2 % во споредба со истиот период минатата година
Од оваа сума, 236.141.000 долари се лични трошоци, а 282.000 долари се трошоци за пакет-аранжмани.
Во првиот квартал од оваа година, бројот на турски државјани кои заминале на патување во странство е 281.322, што е намалување од 83,9 % во споредба со истиот период претходната година. Регистрирано е дека просечната потрошувачка по лице изнесува 840 долари.