Uğur Aslanhan,Fatma Eda Topcu
12 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Аеродромот „Истанбул“ беше домаќин на 72.095.000 патници, од кои 52.967.000 илјади се меѓународни во последните две години од неговото отворање, пишува Агенција Анадолија (АА).
Поминаа две години по отворањето на аеродромот во Истанбул, еден од најголемите проекти во последните години.
Првата фаза од изградбата на аеродромот „Истанбул“, кој е со површина од 76,5 милиони квадратни метри, ја отворија претседателот Реџеп Таип Ердоган и тогашниот претседател на Големото национално собрание на Турција, Бинали Јилдирим.
На отворањето кое се случи на 29 октомври 2018 година присуствуваа повеќе од 50 гости од високо ниво од целиот свет.
На отворањето присуствуваа претседатели и премиери од Македонија, Албанија, Србија, Катар, Турска Република Северен Кипар, Киргистан, Косово, Молдавија, Пакистан, Судан, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Новиот аеродром го направи Истанбул да биде раскрсница во светската авијација. Аеродромот привлекува внимание со своите широки терминали, местата за царина, независните писти, паркингот, рестораните и социјалните места.
Аеродромот „Истанбул“ го има најголемиот терминал во светот, главната терминална зграда е се состои од 1.400.000 квадратни метри. Во моментов се истакнува со својот годишен капацитет од 90 милиони патници.
- И покрај пандемијата и процесот на преместување, аеродоромот беше домаќин на 72 милиони патници -
Аеродромот во текот на две години откако е отворен, беше домаќин на 72.095.138 патници.
Од овие патници, 19.128.528 биле домашни гости, а 52.966.610 се меѓународни гости.
Од аеродромот за две години извршени се 485.971 лет, 134.171 од нив се одвивале на домашни линии, додека 351.800 на меѓународни линии.
Минатата година од аеродромот во Истанбул патувале 52.009.220 патници. На домашните линии патувале 12.574.641 патник, а на меѓународната линија 39.434.579 патници.
Аеродромот „Истанбул“, околу два месеца беше затворен за домашни и меѓународни летови. Потоа со некои ограничувања беше отворен. И покрај овие тешкотии, аеродромот беше домаќин на 19.990.713 гости.