свет

Ердоган: „Зголемени одговорностите кои НАТО мора да ги преземе во заштита на глобалната стабилност"

„Одлучни сме да преземеме чекори кои ќе ја зајакнат полтичката димензија на НАТО, истовремено правејќи го НАТО воено посилен", истакна Ердоган

Mehmet Tosun  | 14.06.2021 - Обновена : 15.06.2021
Ердоган: „Зголемени одговорностите кои НАТО мора да ги преземе во заштита на глобалната стабилност"

БРИСЕЛ

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека на самитот на лидерите на земјите членки на Северноатланскиот сојуз (НАТО) одлучија да преземат чекори кои ќе го зајакнат сојузот во воена смисла и политичка димензија на соработката во рамките на сојузот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Одлучни сме да преземеме чекори кои ќе ја закјакнат политичката димензија на НАТО, истовренемо правејќи го НАТО воено посилен. Зголемена е одговорноста која НАТО мора да ја преземе во заштита на глобалната стабилност. Време е за преземање одговорност, а не бегање од нив. НАТО сојузот мора да има активна улога во рамките на својот безбедносен чадор се од Медитеран, преку Црното море, Европа до Азија, рече Ердоган

Според него, на самитот се разменети мислења за заканите и безбедносните предизвици на НАТО на стратешко ниво.

Ердоган се осврна и на борбата против тероризмот наведувајќи дека Турција во прекуграничните операции од терористите исчистита повеќе од 8.200 километри квадратни.

Турскиот претседател изрази надеж дека сите НАТО сојузници ќе ги остават по страна ситните политички калкулации и ќе покажат вистинска солидарност со Турција.

„На НАТО сојузниците јасно повторивме дека поддршката на терористите ПЈД/ПКК мора да биде прекината", рече Ердоган.

Потсети дека терористичката организација ЈПГ/ПЈД во текот на викендот гаѓала болница во сирискиот Африн и убила 14 невини цивили.

- Состанок со американскиот претседател Бајден

Турскиот претседател се осврна и на состанокот со американскиот претседател Џо Бајден, одржан во Брисел на маргините на НАТО самитот.

„Согласни сме за ефикасно и редовно користење на директните канали на дијалог, како и што им доликува на сојузниците и стратешките партнери", рече Ердоган.

Како што рече, сметаат дека не постои нерешливо прашање во односите на Турција и САД.

„На конструктивен начин ги разгледавме можностите за соработка во области од заеднички интерес. На претседателот Бајден му го повторив нашиот пристап во врска со системите С-400, истото го повторив и за прашањето на авионите Ф-35", рече Ердоган.

Во рамките на самитот Ердоган одржа состанок и со британскиот премиер Борис Џонсон.

„Заемно ја нагласивме важноста која ја придаваме на нашата билатерална и регионална соработка како пријатели, сојузници и стратешки партнери и нашата желба е тоа да го одржиме", рече Ердоган.

За билатералните и регионалните прашања разговарано е и со германската канцеларка Ангела Меркел.

- Продолжување на дијалогот со Грција -

На состанокот со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се согласија да продолжат со механизмите на дијалогот.

„Согласни сме да комуницираме со посеба линија доколу е потребно, согласни сме да комуницираме без посредник. Со премиерот на Грција имав конструктивен состанок, порачав дека не реба да ги мешаме третите земји во нашите прашања", рече Ердоган.

Тој потсети дека се состана и со шпанскиот и холандскиот премиер, Педро Санчез и Марк Руте.

„На тие состаноци разговаравме за билатералните и регионални прашања и настаните во ЕУ. Се договоривме да го продолжиме нашиот дијалог со нив", рече Ердоган.

Плоден состанок одржа и со унгаскиот премиер Виктор Орбан.

Потсетувајќи на состанокот со претседателот на Франција Емануел Макрон, Ердоган рече дека францускиот колега му порача дека не е противник на исламот, и дека тоа му го кажал како пријател.

По НАТО самитот Ердоган патува во посета за Азербејџан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın