Ferdi Türkten
14 Јуни 2021•Ажурирај: 15 Јуни 2021
БРИСЕЛ
Состанокот на претседателите на Република Турција и Соединетите Американски Држави (САД) Реџеп Таип Ердоган и Џо Бајден на маргините на НАТО самитот, одржан е денес во Брисел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Состанокот на Ердоган и Бајден одржан е зад затворени врати во штабот на Брисел.
Ердоган претходно се состана со претседателот на Франција Емануел Макрон, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и премиерот на Холандија, Марк Руте.
Лидерите на земјите на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) се состанаа денес на Самитот што се одржува со зајакнати безбедносни мерки во седиштето на организацијата во Брисел.
Претседателите и премиерите на 30 членки на НАТО за време на Самитот разговараа за низа теми и одржаа низа билатерални средби, со почитување на мерките за борбата против пандемијата на Ковид-19.
Челниците на НАТО разговараа и ќе донесоа одлуки што би можеле да бидат водилка на таа организација за наредните десет години, а првенствено станува збор за теми од стратешкиот концепт на НАТО, подемите на Русија и Кина, влијанието на климатските промени врз безбедноста, киберзаканите, опасните технологии и завршувањето на мисиите во Авганистан.
Последниот самит на лидерите на НАТО е одржан во декември 2019 година во Велика Британија.