свет

Бајден со порака до Европа: „САД се со вас“

Нагласувајќи дека 5-тиот член од Северноатлантскиот пакт е „света обврска“, Бајден потсети дека во Втората светска војна САД интервенирале за Европа.

Ömer Tuğrul Çam  | 14.06.2021 - Обновена : 15.06.2021
Бајден со порака до Европа: „САД се со вас“

БРИСЕЛ 

Претседателот на САД, Џо Бајден, пред почетокот на Самитот на НАТО испрати порака до Европа: „САД се со вас“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бајден даде кратка изјава со генералниот секретар Јенс Столтенберг по пристигнувањето во седиштето на НАТО.

Наведувајќи дека НАТО во последните години се соочува со нови предизвици, како што се Русија и Кина, Бајден рече дека САД му придаваат значење на „моќно НАТО“.

„НАТО е од клучно значење за интересите на САД“, нагласи Бајден.

Нагласувајќи дека 5-тиот член од Северноатлантскиот пакт е „света обврска“, Бајден потсети дека во Втората светска војна САД интервенирале за Европа.

„Сакам цела Европа да го знае следното. САД се со вас“, рече Бајден.

Џо Бајден исто така додаде дека се согласува со генералниот секретар Столтенберг за зголемување на трошоците за одбрана на НАТО.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.