Handan Kazancı
13 Јуни 2021•Ажурирај: 14 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција ја намали старосната граница за пријавување за вакцинација на 40 години, соопшти денес турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Доколку имате 40 години или повеќе, можете да закажете термин од утрово. Очекуваме 100-отстотен одѕив“, објави Коџа преку Твитер.
Според податоците на Министерството за здравство,Турција досега има администрирано над 33,3 милиони дози вакцини против Ковид-19 откако започна масовната кампања за вакцинација во земјата кон средината на јануари.
Над 19,69 милиони луѓе се вакцинирани со прва доза, додека над 13,65 милиони се целосно вакцинирани.
Турција во изминатите 24 часа регистрира 6.076 нови случаи на коронавирусот. Бројот на нови случаи во петокот изнесуваше 6.261.
Вкупниот биланс на случаи изнесува над 5,32 милиони, додека бројот на починати е 48.668, вклучувајќи ги и 75-те нови смртни случаи.
За да се спречи ширењето на вирусот, во Турција воведен е полициски час од 22 часот до 5 часот наутро од понеделник до сабота, а целосен карантин е на сила во неделите.