Турција

„Туркиш ерлајнс“ втора авиокомпанија во Европа по бројот на дневни летови

Според извештајот за промената на летовите на Европската организација за безбедност на воздушниот транспорт (EUROCONTROL), „Туркиш ерлајнс“ помеѓу 15 и 21 ноември остварил во просек 1.049 летови дневно

Abidin Mutlu Bozdağ  | 22.11.2021 - Обновена : 23.11.2021
„Туркиш ерлајнс“ втора авиокомпанија во Европа по бројот на дневни летови

ИСТАНБУЛ (АА) - „Туркиш ерлајнс“ (THY) е втора авиокомпанија со најмногу дневни летови во Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според извештајот за промената на летовите на Европската организација за безбедност на воздушниот транспорт (EUROCONTROL), „Туркиш ерлајнс“ помеѓу 15 и 21 ноември остварил во просек 1.049 летови дневно.

Како што покажуваат податоците на ЕУРОКОНТРОЛ, од 15 до 21 ноември биле реализирани 144.345 летови неделно, или 20.621 лет дневно.

Откако во голема мерка се укинати ограничувањата воведени со цел спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот, ирската авиокомпанија „Рајанер“ со 2.101 лет дневно остварила најмногу летови во Европа.

„Туркиш ерлајнс“ го зазеде второто место со 1.049 летови дневно, додека „Луфтханза ерлајнс“ е трета со 936 летови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.