Ekipa
13 Јуни 2021•Ажурирај: 14 Јуни 2021
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индија пријави 80.834 нови случаи на коронавирусот во последните 24 часа, што е најмал дневен пораст во последните 71 ден, соопшти денес индиското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Земјата регистрира и 3.303 починати во текот на последното деноноќие.
Вкупниот број на детектирани заразени лица достигна 29,4 милиони, а вкупниот број на смртни случаи 370.384.
Според индискиот Совет за медицински истражувања, досега на Ковид-19 тестирани се 370 милиони примероци, од нив, 1,9 милиони примероци биле тестирани вчера.
Бројот на активни случаи во земјата падна на над 1,02 милиони, додека неделната стапка на позитивност опадна на 4,72 отсто.
Индија досега има администрирано над 253 милиони дози на вакцини, според Министерството. Првата доза ја примиле 204 милиони луѓе, додека над 48 милиони се целосно вакцинирани.
Индија е на второ место во светот по бројот на случаи на коронавирусот, по САД, а на трето место по бројот на смртни случаи, по САД и Бразил.