Mehmet Tosun
06 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили, извршија воздушни напади врз целите на сепатаристичката терористичка организација ПКК во руралните предели на Хакќари и на северот од Ирак, во кои се погодени 18 цели, а тројца терористи се неутрализирани, јавува Anadolu Agency (AA).
Од воени извори се дознава дека авионите на турските воздухопловни сили вчера во периодот од 16:13 до 18:42 часот извршиле воздушни напади врз рурачните предели на Чукурџа, кој се наоѓа во провинцијата Хакќари.
На тоа подрачје идентификувни се 11 цели (скривалишта, позиции, пештери, противавионски позиции), кои биле бомбардирани и биле уништени. Притоа, според првичните информации, неутрализирани се и тројца терористи, припадници на сепаратистичката организација.
Во воздушни напади на северот од Ирак, во подрачјата на Метина и Гара, уништени се седум цели (скривалишта, пештери) на сепаратистичката терористичка организација.