Sarp Özer
05 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, во којшто беше нагласена важноста на напорите за ставање крај на судирите во Сирија и за доставување на хуманитарна помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Двајцата челници разговараа за најновите случувања во Сирија, како и за билатералните односи.
Според Кабинетот на турскиот претседател, Ердоган и Путин разговарале и за претстојната средба, планирана во Истанбул во текот на Светскиот енергетски конгрес (WЕС), кој ќе се одржи од 9 до 13 октомври.
Двајцата лидери разговарале и за изградбата на Турскиот тек, како и за потребата од зајакнување на соработката меѓу двете земји во повеќе области.