Sultan Çoğalan
06 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Турција го осуди одобрувањето на Израел за 98 нови домови на палестинска територија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение од министерството се осудува Израел, кој кршејќи го меѓународното право продолжува да ги окупира палестинските територии, за изградба на дополнителни нови 98 илегални домови.
Во соопштението стои дека треба колку што е можно поскоро да се прекинат овие уништувања, за да не се поткопа решението за двете страни.