Nazlı Yüzbaşıoğlu
14 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција за обнова на Ирак ќе додели поволен кредит од пет милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу учествува на Меѓународната конференција за обнова на Ирак која се одржува во Кувајт, а преку социјалната мрежа Твитер (Twitter) соопшти дека во име на Турција на учесниците им рекол дека Турција и понатаму ќе биде со своите ирачки браќа, соседи, пријатели и доверливи партнери.
Чавушоглу неодамна во обраќање за новинарите изјави дека учесниците на конференцијата во Кувајт ќе дадат ветувања за поддршка на процесите за расчистување на терористите на ДЕАШ и обнова на Ирак.
„Турција од 2004 година досега за хуманитарна помош и развој на Ирак издвои околу 500 милиони долари. Паралелно, и нашата ТИКА реализираше неколку проекти. Нашите фирми реализираа проекти во вкупна вредност од 25 милијарди долари. За претстојната фаза ќе обезбедиме пет милијарди долари за инвестиции со посредство на нашите фирми. На ист начин ќе обезбедиме и 50 милиони долари за проекти за хуманитарна помош и развој“, наведе Чавушоглу.
Тој изјави дека тоа е најголемата сума која некоја од учесниците на конференцијата во Кувајт ја ветила до неговото напуштање на конференциската сала.