Sinan Uslu
14 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Нуретин Џаникли, одржа одделни средби со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и со британскиот министер за одбрана, Гевин Вилијамсон, јавува Anadolu Agency (AA).
Џаникли, во рамките на Самитот на министрите за одбрана на НАТО, одржа различни средби во седиштето на НАТО.
Во тие рамки, тој се состана со Столтенберг, а средбата траеше половина час. Џаникли потоа се сретна и со неговиот британски колега, Вилијамсон.