Ata Ufuk Şeker
15 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во својата денешна изјава ја повика Русија „да престане за ја дестабилизира Украина" и рече дека епотребно„ „Русија да ја прекине поддршката на милитантите и да ја повлече својата воена опрема од територијата на Украина“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тек е вториот ден од состанокот на министрите за одбрана на НАТО. По состанокот на Комисијата НАТО-Украина, Столтенберг даде изјава пред седиштето на НАТО во Брисел.
Столтенберг изјави дека Комисијата НАТО-Украина ги разгледувала безбедноста, реформите и НАТО поддршката. „Загрижувачки се активностите на Русија во Источна Украина. Секојдневно се нарушува прекинот на огнот. Тоа им пречи на набљудувачите да ја извршуваат својата обврска", рече Генералниот секретар на НАТО.
Според Столтенберг, за да се изнајде одржливо решение, потребно е под итно и сите страни во целост да го имплементираат договорот од Минск.
Столтенберг истакна дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува независноста и територијалниот интегритет на Украинa.
„Сојузниците не ја признаваат и нема да ја признаат незаконската и нелегитимна окупација на Крим. Ја повикуваме Русија да престане за ја дестабилизира Украина. Потребно е Русија да ја прекине поддршката на милитантите и да ја повлече својата воена опрема од територијата на Украина", изјави генералниот секретар на НАТО.
Тој нагласи дека поради акциите кои Русија ги изведува, НАТО ја зголемил поддршката која и ја дава на Украина. Особено од 2014 година, НАТО има единствен политички и практичен ангажман во Украина.
Столтенберг истакна дека министерите за одбрана одобриле сеопфатен пакет за поддршка на Украина, со кој, на Украина ќе ѝ се помогне во формирање на безбедни структури за поефикасна одбрана и безбедност.
Тој соопшти дека на престојниот Самит во Варшава ќе учествува и претседателот на Украина, Петро Порошенко, и додаде дека учеството на Украина на еден состанок на вакво ниво, е јасен знак за лојалноста на НАТО кон стабилност и безбедност на Украина.