Ata Ufuk Şeker
24 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека одлуката на Англија да излезе од Европската унија не ја менува нејзината позиција во НАТО. „Нема да се смени позицијата на Велика Британија во НАТО. Велика Британија ќе продолжи да биде силен сојузник на НАТО и ќе продолжи да ја има водечката улога во нашата алијанса", истакна Столтенберг, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг во својата изјава која ја даде по официјализирањето на резултатите од референдумот во Велика Британија и одлуката Англија да ја напушти ЕУ рече: „Англискиот народ донесе одлука да ја напушти ЕУ. Оваа одлука ќе се одрази во односите меѓу Англија и ЕУ. Позицијата на Велика Британија во НАТО не се менува. Велика Британија ќе продолжи да биде силен сојузник на НАТО и ќе продолжи да ја има водечката улога во нашата алијанса", изјави Столтнберг.
Денеска, кога имаме средина со голема нестабилност и несигурност, истакна Столтенберг, додавајќи дека платформата за соработка меѓу европските сојузници на НАТО и меѓу Европа и Северна Америка има поголемо значење во моментов. Тој истакна дека е потребна силна, единствена и одлучна НАТО алијанса која во овој турболентен свет ќе биде основна алка на стабилноста и меѓународната безнедност и ќе продолжи да го дава својот придонес во одржувањето на мирот.
Столтенберг соопшти дека НАТО ќе продолжи да да соработува со ЕУ и истакна дека на Самитот во Варшава оваа соработка ќе се зголеми.