Ekipa
24 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Барак Обама, претседателот на Соединетите Американски Држави, изјави дека неговата земја ја почитува одлуката на граѓаните на Велика Британија да ја напуштат Европската Унија, и дека посебниот однос помеѓу Вашингтон и Лондон ќе опстане, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама во пресрет референдумот силно ја повика Велика Британија да остане во ЕУ, но во денешното соопштение нагласи дека народот го кажал своето.
Претседателот Обама додаде дека Велика Британија и Европската унија ќе останат „неопходни партнери на САД” , дури и кога ќе почнат преговорите за иднината на нивните односи.