Büşra Selvi Öğütcen
25 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку 23 лица загинаа за време на поплавите во американската сојузна држава Западна Вирџинија, по обилните врнежи кои го зафатија регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на канцеларијата за национална безбедност и кризни ситуации јавија дека во поплавите во Западна Вирџинија, на кои им претходеа облини врнежи од дожд, до сега загинале најмалку 23 лица. Меѓу загинатите има и деца.
Гувернерот на Западна Вирџинија, Ерл Реј Томблин претходно изјави дека штетата предизвикана од поплавите од ден на ден станува се поголема.
Томблин, исто така, изјави дека поединечни делови на Западна Вирџинија се соочени со најголемата поплава во последните 100 години.
Инаку, поради поплавите во оваа држава во најмалку 44 региони е прогласена вонредна состојба.