Fatma Esma Arslan
14 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК ја продолжија кампањата за ширење клевети и лаги за операцијата „Маслинова гранка“ на социјалните мрежи, со објавување нови снимки за кои е утврдено дека немаат поврзаност со операцијата на Вооружените сили на Турција во Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Поддржувачите на терористичката организација споделија фотографија со опис дека децата се мета на Вооружените сили на Турција (ТСК). Вистинската позадина е дека на споменатата фотографија се наоѓа дете рането во нападот на припадниците од режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, извршен во Источна Гута.

На социјалните мрежи е споделена и фотографија со опис дека децата повторно се мета на напади во Африн. Оваа фотографија, всушност, е користена со веста за масакрот врз цивилите на режимот на Асад, објавена на 8 јули 2014 година.

Третата фотографија до која дојде новинарот на AA е споделена со наслов „Запрете го геноцидот во Африн“.
На фотографијата е, всушност, палестинско дете рането во израелскиот воздушен напад на 30 јули 2014 година.

Исто така, поддржувачите на ПЈД/ПКК настојуваа кражбата од војниците на режимот на Асад да ја искористат за да ја клеветат операцијата „Маслинова гранка“.
Лицата што се поврзуваат со организацијата, на своите профили на социјалните мрежи споделија нова лага со опис дека турските војници крадат живина.

Фотографијата, всушност, е направена на 19 мај 2014 година во Ел Кусејр, во Хама, и е објавена со веста дека војниците на сириската војска крадат. На фотографијата може да се види како војниците на режимот на Асад носат живина.