Mutlu Demirtaştan
30 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
БАРСЕЛОНА
Уште тројца фудбалери на шпанскиот фудбалски клуб Барселона утринава беа позитивни на тестот на коронавирусот, со што бројот на заразени во тој каталонски клуб е зголемен на десет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Раководството на Барселона соопшти дека поради позитивниот тест на коронавирусот, играчите Серхио Дест, Филипе Кутињо и Ез Абде се ставени во домашна изолација и дека сите тројца се чувствуваат добро.
Бројот на заразени фудбалери се зголеми на десет, бидејќи во претходните денови на тестот за коронавирусот беа позитивни и Клемент Ленглет, Дани Алвес, Жорди Алба, Алехандро Балде, Усман Дембеле, Самуел Умтити и Гави.
Барселона следниот натпревар во Лигата го игра в недела како гостин на Мајорка.