Doğa Kırmızıoğlu
30 Декември 2021•Ажурирај: 03 Јануари 2022
АНКАРА (АА)
Челси, еден од англиските премиерлигаши, соопшти загуба од 145,6 милиони фунти во првите шест месеци од оваа година, пренесува Агенција Анадолија.
И покрај тоа што минатата сезона стигна до трофејот во Лигата на шампионите на УЕФА под раководство на германскиот тренер Томас Тухел, Челси претрпе голема загуба во финансискиот биланс од почетокот на годината до 30 јуни.
Во соопштението на клубот загубата од 145,6 милиони фунти се припишува на тоа што многу натпревари се одиграа без публика поради пандемијата и намалувањето на сумите од продажбата на фудбалерите.
Наведено е дека клубот, чиј годишен приход е зголемен од 387,8 милиони фунти на 416,8 милиони, има повеќе од 1 милијарда фунти долг кон компаниите со кои има соработка.
Се проценува дека многу важен дел од овие долгови произлегуваат од договорите меѓу клубот и компанијата „Fordstam Limited“, во сопственост на рускиот бизнисмен Роман Абрамович, сопственик на Челси.
Британскиот клуб направи радикални промени во својот кадар во летото 2020 година и се истакна како клуб кој потроши најмногу пари на трансфери во Европа.