Övünç Kutlu
11 Мај 2017•Ажурирај: 12 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Компанијата Snap inc. (Снап инц.), позната по нејзината мобилна апликација Snapchat (Снапчат), соопшти дека во првото тримесечје од оваа година бележи загуба во работењето, јавува Anadolu Agency (AA)
Компанијата Snap inc. го објави билансот за периодот јануари – март.
Според она што е објавено, минатата година во истиот период компанијата била во загуба од 104,6 милиони долари, додека во првото тримесечје од оваа година бележи загуба од 2,2 милијарди долари.
Од друга страна, приходите на оваа компанија во првите три месеци од 2016 година изнесуваат 38,8 милиони долари, а оваа година во истиот период изнесуваат 149,7 милиони долари.
Во овој период се забележува 36 отсто пораст во дневната просечна бројка на корисници на Snapchat, односно од 122 милиони, бројот се зголемил на 166 милиони корисници.
- Цената на акциите намалена за 25 отсто -
Во цената на акциите од оваа компанија на Њујоршката берза се забележува голем пад поради тоа што секоја година се зголемува загубата на компанијата.
Во акциите на компанијата по затворањето на берзата се забележува пад од 25 отсто, односно цената на акциите од 22,97 долари се намали на 17,19 долари. Пазарната вредност на компанијата се намали на 28 милијарди долари.