Tuba Şahin
25 Декември 2019•Ажурирај: 28 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турција оствари приход од над 1,8 милијарда турски лири (околу 322 милиони долари) од патарини од два моста на Босфорот, како и од патиштата во периодот јануари - ноември, соопшти Дирекцијата на турски автопати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период низ патарините поминаа околу 419 милиони возила.
Од патарините на мостот на „Загинатите херои од 15 јули“ и мостот „Фатих Султан Мехмет“ над Босфорот, кои ги поврзуваат Европа и Азија, остварен е приход од 386 милиони лири (68,2 милиони долари), додека од патарините низ цела Турција - 1,4 милијарда лири (254 милиони долари) во периодот јануари - ноември.
Во ноември, низ патарините на мостовите и автопатите во Турција поминале 37 милиони возила, со што е остварен приход од 193,5 милиони турски лири (33,7 милиони долари).