Abdulselam Durdak
25 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – На официјалната страница на Иницијативната група за турски автомобили на Твитер, денеска е објавена нова фотографија од првиот турски автомобил на која се гледа маската и предниот браник, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Продолжува одбројувањето до промоцијата на првиот турски автомобил, а внимание привлече тоа што на маската на автомобилот има мотив на лале, симболот на Истанбул.
„Кога велевме турски автомобил, бевме многу сериозни! Ти си инспирација....“, се вели во објавата на Твитер.
Фотографијата привлече големо внимание на социјалните мрежи, за половина час доби 8.000 лајкови, беше споделена 1.900 пати. Официјалниот твитер-профил на Групацијата на произведувачи на турски автомобили (TOGG), по објавата на првата фотографија на автомобилот, достигна до бројка од 122.300 следбеници.
Претставувањето на прототипот на првиот автомобил од домашно производство во Турција ќе биде одржано на 27 декември во Гебзе, најави во текот на изминатата недела претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.