Abdulselam Durdak
06 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - По завршувањето на тест-патеката долга 1,6 километри изградена во рамките на објектот Гемлик, кој е јадрото на проектот „Патување до иновации - турски автомобил ТОГГ“, извршено е првото пробно возење на патеката, известува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението што го дадоа од ТОГГ, забрзано се приближуваат кон крајот на градежните работи на објектите во Гемлик, кои започнаа на 18 јули 2020 година. Завршена е и патеката долга 1,6 километри во рамките на објектот на ТОГГ во Гемлик, претставен како „Повеќе од фабрика“, со своите функции собрани под ист покрив и неговите паметни и еколошки карактеристики.

Мустафа Варанк, министер за индустрија и технологија на Турција, Нуредин Небати, министер за финансии и финансии и членовите на одборот на ТОГГ, по месечниот состанок на Управниот одбор го направија првото тест-возење на патеката во Гемлик.


- На патеката ќе се тестираат прототип-моделите на ТОГГ
Прототип-моделите на ТОГГ ќе се тестираат на патеката, која е дизајнирана за различни потреби, како што се патека за голема брзина, патека на груб пат, специјална област за маневрирање.
Изградбата на патеката, на која ќе се тестира развојот на моделите и процесите на квалитет, завршена е за три месеци.
- Работата поврзана со производните одделенија ќе заврши во мај 2022 година
Од друга страна, работите на производствените одделенија на објектот во Гемлик, кој е изграден на простор со вкупна површина од 1.200.000 квадратни метри, ќе завршат во мај 2022 година. Во објектот за трупот на автомобилот, од кој се завршени 86 проценти, 185 роботи започнаа со тест-работа без вклучување на елементи од автомобилски делови. Завршени се 92 % од објектот за боење, при што се поставени резервоарите за боја и печките, а комплетирани се и 84 отсто од одделот за монтажа.

Автомобилот ТОГГ ќе биде подготвен за масовно производство во последниот квартал од 2022 година. По завршувањето на тестовите за хомологација, на крајот на првиот квартал од 2023 година, ќе биде лансиран теренецот (SUV-моделот), првото возило ТОГГ во сегментот Ц. По овој модел, во производната линија ќе влезат моделите на седан и хечбек во сегментот Ц. Во следните години, со додавање на Б-СУВ и Ц-МПВ во семејството на ТОГГ, ќе биде комплетирана палетата на модели составена од пет модели кои носат ист код.
Со производството на пет различни модели, ТОГГ планира врз една платформа да произведе вкупно 1 милион возила до 2030 година.