Sevgi Ceren Gökkoyun
24 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
АНКАРА
Министерот за индустрија и технологија на Турција Мустафа Варанк во врска со поставувањето на камен-темелникот на фабриката за производство на турскиот автомобил изјави: „Не предвидуваме големи нарушувања околу датумот на поставувањето на камен-темелникот на фабриката во Гемлик поради Ковид-19“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Околу процесот што престои пред почетокот на изградбата на фабриката за производството на турскиот автомобил, министерот Варанк истака „Фабриката е во фаза да добие извештај за Проценка на влијанието врз животната средина. Најверојатно и студиите за теренот ќе завршат за 10 дена“.