Gökhan Ergöçün
26 Декември 2019•Ажурирај: 27 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турција ќе ги поседува правата за интелектуална и индустриска сопственост на својот домашен автомобил, истакна денеска турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, јавува Агенција Анадолија (АА).
Прототипот на автомобилот ќе биде презентиран утре во индустриската област во Коџаели.
„Со оваа церемонија и официјално ќе ја отвориме Информациската ИТ Долина во Гебзе, којашто ќе биде база на технологијата во нашата земја“, рече министерот.
Тој додаде дека со прототипот Турција ќе ги реализира своите две цели - поседување на светски бренд и создавање на корпорација вредна милијарда долари.
Во јуни 2018 година, пет турски индустриски гиганти - Групацијата „Анадолу“, BMC, Групацијата „Кок“, „Турксел“ и „Зорлу Холдинг“ под покровителската организација Унијата на турски берзи и стопански комори (TOBB) ги здружија силите за создавање прототип на домашен, турски автомобил.
Варанк истакна дека Турција одвоила средства во износ од 126 милиони долари за иновации и регионален развој.