Selma Kasap
26 Декември 2019•Ажурирај: 29 Декември 2019
АНКАРА (АА) – Агенција Анадолија (АА), меѓународната новинска агенција на Турција, по повод 100-годишнината од основањето, го редизајнираше логото. Во логото на АА додадена е ѕвезда и месечина, за да се одрази целта на основањето, придонесите што ги даде во националната борба и духот што го обликуваше со своите активности.
АА е основана да ја исполни потребата за добивање вести во тешките услови на националната борба и да го пренесе до светот праведниот глас на Анадолија. АА и денес продолжува да ја исполнува оваа мисија со голема страст и успех.
Логото на Агенција Анадолија е редизајнирано за да се одрази целта на основањето, придонесите што ги даде во националната борба и духот што го обликуваше во своите активности.
Шенол Казанџи, претседател на Управниот одбор на АА и генерален директор, даде информации за редизајнирањето на логото.
„Агенцијата Анадолија која тргна со мисија да ја спроведе стратешката комуникација на националната борба, во својата 100-годишнина влегува како меѓународна новинска агенција. Во овој процес, логото на нашата агенција претрпе многу промени. Заедно со нашата 100-годишнина, логото специјално го интегриравме со симболите ѕвезда и месечина“, нагласи Казанџи.
АА се подготвува да ја круниса 2020 година со многу нови проекти, со кои ќе се прослави 100-годишнината. Информациите за овие проекти ќе бидат промовирани на веб-страницата 100yil.aa.com.tr.