Tolga Yanık
24 Декември 2019•Ажурирај: 25 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – На официјалната страница на Иницијативната група за турски автомобили на Твитер, денеска е објавена нова фотографија од новиот турски автомобил на која се гледаат предното стакло, покривот, рамката на предната врата и ретровизорите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Продолжува одбројувањето до промоцијата на првиот турски автомобил.
Официјалната страница на Иницијативната група за турски автомобили денеска објави нова фотографија (@TOGG2022) на турскиот автомобил. „Патувањето кон иновацијата продолжува… се одбројуваат последните три дена“, се вели во објавата на Твитер.
Фотографијата привлече големо внимание на социјалните мрежи, за половина час доби 5.800 лајкови, беше споделена 1.500 пати. Официјалниот твитер-профил на Групацијата на произведувачи на турскиот автомобил (TOGG), по вчерашната објава на првата фотографија на автомобилот, достигна до бројка од 88.000 следбеници.
Претставувањето на прототипот на првиот автомобил од домашно производство во Турција ќе биде одржано на 27 декември во Гебзе, најави во текот на изминатата недела претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.