Barış Kılıç
25 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Државното Обвинителство на Република Турција утринава издаде налози за лишување од слобода на вкупно 131 осомничен за членување во терористичката организација ФЕТО, а полицијата досега приведе најмалку 59 осомничени лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Државното Oбвинителство во Анкара издаде налог за приведување на 26 лица за кои постои сомнение за членување во терористичката организација ФЕТО, а станува збор за претходно суспендирани јавни службеници.
Постапувајќи по налог на Обвинителството, полицијата започна акција за приведување во 14 града и досега од слобода се лишени 8 осомничени.
Паралелно со тоа, Обвинителството во Анкара издаде налог за приведување на 20 осомничени во рамките на истрагата за кражба на прашањата за правосудниот испит од 2013 година.
Меѓу осомничените има поранешни судии кои учествувале во кражбата на испитните прашања и во заговорот со кој на членовите на ФЕТО им се овозможувало брз напредок во службата во правосудниот систем на Турција.
Акцијата на приведување трае во 11 града, а досега од слобода се лишени 14 осомничени.
Обвинителството во Анкара нареди и приведување на 19 осомничени во рамките на истрагата за инфилтрираните членови на ФЕТО во Заводот за научни и технолошки истражувања (TUBITAK). Меѓу осомничените има и петмина активни службеници.
Приведувањата се во тек во 5 града, а досега од слобода се лишени 10 осомничени.
Во рамките на истрагата за елементите на ФЕТО инфилтрирани во Командата на жандармеријата на Турција, утрово е издаден налог за приведување на 35 војници во активна служба и на еден претходно суспендиран.
Полицијата трага по осомничените во 22 турски градови, а досега од слобода се лишени 11 осомничени.
Турското обвинителство утрово нареди и приведување на осуммина осомничени лица за користење на криптираниот систем за комуникација „ByLock“, кој го користела терористичката организација ФЕТО за тајна комуникација меѓу членството инфилтрирани во различни јавни сектори.
Налог за приведување е издаден и за уште 22 осомничени како дел од истрагата за инфилтрирани елементи на ФЕТО во Командата на воздухопловните сили на турската војска. Полицијата приведе 16 осомничени, а се трага по едно преостанато лице од листата.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција во ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација која ја предводи Фетула Ѓулен кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), а чие испорачување Турција официјално го побара од САД.
Членовите на таа терористичка организација, со години преку местење на испити постигнуваа напредок, инфилтрирајќи се на тој начин во државните институции. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во турското правосудство со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат голем број високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше обидот за пуч на терористите на ФЕТО, обид кој го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.
Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа којашто не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските власти. Во текот на обидот за пуч во Турција загинаа 251 лице, а повредени беа 2.200.