Fırat Taşdemir
25 Декември 2019•Ажурирај: 27 Декември 2019
АНКАРА (АА) – Министерството за национална одбрана на Турција, соопшти дека заедно со тимовите на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) обезбедиле помош во храна за Сиријците кои избегаа од прогонството на ПКК/ЈПГ во Деир-ез-Зор и се сместија во Тел Абјад, кој се наоѓа во подрачјето каде што се одвиваше операцијата „Извор на мирот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Заедно со екипите на АФАД обезбедивме помош од храна за браќата Сиријци кои избегаа од прогонство на ПКК/ЈПГ во Деир-ез-Зор и се сместија во Тел Абјад, кој се наоѓа во областа од операцијата „Извор на мирот“. Поради намалувањето на температурите, во регионот дистрибуирани се и ќебиња“, се нагласува во соопштението од Министерството за национална одбрана на Турција.