Candoğan Parlatan
13 Јуни 2017•Ажурирај: 14 Јуни 2017
ИЗМИР (АА) - Откако вчера во 15.28 часот во водите на Егејското Море беше регистриран земјотрес со јачина од 6,2 степени, во наредните 12 часа се забележани уште 35 потреси со интензитет над 3 степени, јавува Anadolu Agency (AA)
Сеизмичките активности што вчера попладне започнаа во Егејското Море сѐ уште траат.
Според податоците од сеизмолошкото одделение на Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби (АФАД), во период од 12 часа по вчерашниот земјотрес со јачина од 6,2 степени, кој беше почувствуван во 15:28 часот во водите на Егејското Море, настанале уште 35 земјотреси со интензитет над 3 степени.
Седум од вкупните земјотреси се со јачина над 4 степени, од кои најсилниот е 4,9 степени.