AP
13 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
ПОРТ О ПРЕНС (AA) - Одбележана е осмата годишнина од разорниот земјотрес во кој на 12 јануари 2010 година животот го загубија 250.000 лица, повредени беа 300.000 а без дом останаа 1,2 милиони жители на Хаити, јавува Anadolu Agency (AA).
За многумина од оние кои останале без своите домови, животот сеуште не се врати во нормала.
Во областа Делмаск, на северот на главниот град Порт о Пренс, сеуште е во функција кампот кој настана како привремен дом за 20.000 раселени лица.
Ветувањата на властите за стамбено згрижување на овие луѓе не се реализирани, а слабата економија на Хаити е една од причините поради кои овие луѓе немаат други места за престојување.
Кампот се претвора во село во кое луѓето се обидуваат да формираат нормален живот и да тргнат понатаму.