Birol Güngördü,Sinan Balcıkoca
05 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во местото Езине, во близина на турската област Чанаккале, беа фатени најмалку 63 странски државјани, кои нелегално се обидувале да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на турската жандармерија запреа минибус во близина на селото Корукташи, во кој пронајдоа 36 лица, меѓу кои 30 државјани од Иран и 6 од Сирија.
За време на испрашувањето на мигрантите, припадниците на жандармеријата дојдоа до информации дека на тоа подрачје се движи уште еден минибус со мигранти. Членовите на жандармеријата го сопреа вториот минибус во местото Бига и пронајдоа 27 мигранти од Ирак.
Мигрантите биле префрлени во локалниот Центар за враќање на странци, а двајца возачи кои управуваа со минибусите беа уапсени под сомнение за организирање нелегален влез на мигранти во Грција.
Само во 2017 година, турските безбедносни сили привеле 50.000 мигранти од 50 земји. Станува збор за пораст на бројот на мигранти од 60 отсто во споредба со 2016 година, кога биле приведени 31.000 мигранти.