Barış Gündoğan
05 Јули 2018•Ажурирај: 06 Јули 2018
АНКАРА (АА) – Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, истакна дека во новиот период ќе се зголеми важноста на Парламентот кој ќе биде поефективен во ревизорските и законодавни активности, јавува Аnadolu Agency (AA).
Јилдирим поканет како гостин на уредничкиот деск на АА зборуваше за актуелните настани.
Јилдирим рече дека по претседателските и 27. парламентарни избори кои се одржаа на 24 јуни, преминале во претседателски систем, и дека сега веќе изборите поминале и животот продолжува во сите сфери. Јилдирим се осврна и на падот на гласовите на АК Партијата во споредба со претходните избори.
„Ова е една порака за нас. Ние како АК Партија ја примивме оваа порака“, додаде тој. Во врска со претседателскиот систем, Јилдирим истакна дека покрај Законот за буџет, Владата нема да може да предложи ниту еден закон во Парламентот, и дека ова ја покажува апсолутната моќ на Парламентот од законодавен аспект.
Турскиот премиер вели дека во новиот период ќе се зголеми важноста на Парламентот кој ќе биде поефективен во ревизорските и законодавни активности.
Јилдирим потсети дека Турција во периодот меѓу 1924 и 2002 година забележа пораст во просек од 4,7 отсто.
„Во периодот од 2003 до 2007 година забележа пораст во просек од 5,7 отсто. Знаете ли што значи тоа? Ако Турција забележуваше пораст од 5,7 отсто од 1924 година, денес со 2,3 трилиони долари ќе беше седмата економска моќ во светот, ќе се наоѓаше по Франција. Сега се наоѓаме на 17. место“, рече Јилдирим.