Barış Gündoğan
02 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Еден од тројцата терористи кои се неутрализирани од единиците на жандармеријата во турската област Сирт на 29 септември, е и Осман Екинџи со кодното име „Берхем“, од сивата листа на барани терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за внатрешни работи на Турција се потсетува дека во рамките на внатрешните безбедносни операции, Командата на турската жандармерија на 29 септември изврши операции во областа Бајкан во Сирт.
Еден од неутрализираните тројца терористи бил и Осман Екинџи со кодно име „Берхем“, кој се наоѓа на сивата листа на терористи, за кого имаше распишано награда од 300.000 лири (околу 53.000 долари).
Исто така се истакнува дека терористот бил меѓу групата терористи кои го организираа бомбашкиот напад врз возилото на гувернерот на областа Бајкан во 2017 година.