Hamdi Çelikbaş
13 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Во операциите што турските вооружени сили (ТСК) ги спроведоа од Нова година досега во Турција и надвор од неа, неутрализирани се 981 терорист, од кои 837 се убиени, 62 ранети, а 82 се заробени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворот од ТСК, со успешните операции коишто се спроведени во последниов период, зададен е голем удар на сепаратистичката терористичка организација ПКК.
Во операциите спроведени во периодот од 1 јануари до 12 јуни, во Турција, неутрализирани се 529 терористи, од кои 431 се убиени, 16 ранети, а 82 се заробени, додека во операциите надвор од Турција, неутрализирани се 452 терористи, од кои 406 се убиени, а 46 се ранети.
Во операциите што ТСК ги спроведе во периодот од Нова година досега, неутрализирани се вкупно 981 терорист. На безбедносните сили во Турција им се предале 44 терористи кои избегале од редовите на ПКК, додека надвор од Турција се предале 113 терористи.
Во операциите спроведени во истиот период запленети се 1.460 автоматски пушки „калашњиков“, ловечки пушки и пиштоли, 61 тежок митралез PKM и MG-3, 38 снајперски пушки, 122 проектила, гранати и противтенковски ракети, 16 минофрлачи, 16 противавионски митралези и 557.565 парчиња муниција. Откриени се 603 рачно изработени експлозивни направи коишто контролирано се уништени.
- „Терористичката организација вложува напори да се снабди со оружје преку Иран” -
Изворот наведува дека во успешните операции што се спроведени во Турција, запленето е големо количество оружје и муниција скриено во магацините и скривалиштата на терористичката организација, и тие се уништени, а се истакнува дека терористичката организација нема да биде оставена ниту да здивне.
Се дознава дека ПКК прави напори да дојде до оружје и муниција од странство. Се смета дека по последното запленување на големо количество оружје и муниција во Ѓулпинар, во Ван, оваа терористичка организација, по Сирија и Ирак, прави напори да се снабди со оружје и преку Иран.