Candoğan Parlatan
22 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
ИЗМИР (АА) - Директорот на Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби (АФАД) во Измир, Осман Метин Сароглу, соопшти дека на отворено море, во близина на градот Карабурун во Измирскиот залив се случил земјотрес со интензитет од 5 степени и додаде дека во земјотресот нема загинати ниту повредени, а не е причинета ниту материјална штета, јавува Anadolu Agency (AA).
Сароглу утрово за АА даде изјава во врска со земјотресот што се случи на отворено море, во близина на градот Карабурун, во Измирскиот залив.
„Според првичните информации, досега нема настрадани во земјотресот, ниту е причинета матријална штета“, рече Сароглу. Тој истакна дека екипите на АФАД се на теренот.
Земјотресот се случи во водите на Егејското Море, во близина на градот Карабурун, во 5.48 часот по локално време, на длабочина од 9,88 километри, а беше почувствуван и во градот Измир и во неговата околина.