Ekipa
22 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, разговараше телефонски со саудискиот крал Селман Бин Абдулазиз Ал Сауд и со синот на саудискиот крал Мухамед бин Салман, кој беше назначен за прв престолонаследник и премиер на Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извори од Канцеларијата на турскиот претседател, Ердоган упатил честитки за именувањето на новиот престолонаследник и премиер на Саудиска Арабија.
За време на разговорите била нагласена определбата за дополнително зајакнување на односите меѓу Турција и Саудиска Арабија во наредниот период.
Тие, исто така, се усогласија и околу потребата за интензивирање на напорите за решавање на тензиите меѓу земјите од Заливот и Катар
Турскиот претседател на принцот Селман му посака многу среќа во неговата идна работа, а одлучено е претседателот Ердоган да се сретне со саудискиот крал Селман во Хамбург, Германија, по повод самитот на Г20.
Да потсетиме, Саудиската новинска агенција СПА вчера соопшти дека со одлука на саудискиот кралски двор од функцијата прв принц, премиер и министер за внатрешни работи беше разрешен Мухамед бин Најеф, а на тие функции е именуван Мухамед бин Селман, кој истовремено ќе продолжи да ја врши и досегашната функција, министер за одбрана.