Murat Demirci
22 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
НИКОЗИЈА (АА) - Во Турската Република Северен Кипар се уапсени најмалку две лица, во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на полицијата во Никозија, во рамките на истрагата против ФЕТО што се спроведува во Северен Кипар, уапсени се две лица,С.Г.и O.A., од кои едниот е државјанин на Северен Кипар.
Уапсениот О.А бил одговорен за 30 куќи кои припаѓале на терористичката организација ФЕТО, а имал контакти со надредените во ФЕТО, на подрачјето на Турција.
Во становите на двајцата уапсени, запленети се документи, книги и брошури на ФЕТО. Исто така, запленет е и компјутерот на уапсениот С.Г., а на него била инсталирана програмата „ByLock“ (БајЛок), систем за шифрирана комуникација што го користеа членовите на терористичката организација ФЕТО.
Уапсениот С.Г. се наоѓа на листата припадници на ФЕТО по кои Турција, по обидот за пуч, распиша потерница. На властите на Северен Кипар им е упатено и барање за негово испорачување.