Muhammet Emin Horuz
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ
Процесот на тестирање на прототипот на првиот турски автомобил ТОГГ напредува според планот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Управата на ТОГГ на профилот на Твитер објави дека се извршени аеродинамични и аероакустични тестирања на возилата.
„Процесите на тестирање на прототипот на нашето возило напредуваат во согласност со плановите. Денеска се извршени сите аеродинамични и аероакустични испитувања на ТОГГ“, се наведува.
Со пораката е објавена и фотографија со вработените кои работат на првиот турски автомобил ТОГГ.
Првиот сериски произведен автомобил ќе излезе во последниот квартал на 2022 година.
Годишниот проектиран производствен капацитет ќе биде 175.000 возила, за што ќе бидат ангажирани 4.300 работници.
На почетокот на производството, домашниот удел ќе биде 51 отсто, додека во 2025 година тој процент ќе достигне 68 отсто. До 2030 година се планира производство на електрични и со нив поврзани пет различни модели на автомобили.