Çiğdem Münibe Alyanak
13 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Одделот за комуникации при турското Претседателство соопшти дека оставката на турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу не е прифатена, и дека тој ќе ја продолжи да ја извршува оваа функција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во ова соопштение се вели дека Сулејман Сојлу кој на функцијата министер за внатрешни работи дојде одма по обидот за државен удар на 15 јули во Турција, со својата успешна работа до денес, беше ценет од страна на народот.
Се нагласува дека решителната борба на Сојлу има голем удел во намалувањето во голема мера на капацитетот на терористичките организации за вршење активности во земјата.
„Нашиот министер за внатрешни работи реализираше силна координација во работите на терен извршени по природните катастрофи како земјтореси. Факт е дека пандемијата на коронавирусот поседува димензии на здравствени услуги, снабдување со храна и јавна безбедност. Нашиот министер за внатрешни работи со успешните работи кои ги врши веќе над еден месец, овозможи во овој процес да не се случи ниту еден проблем во јавната безбедност во нашата земја", се вели во соопштението на турското Претседателство.
„Почитуваниот министер барањето за оставка го достави до нашиот почитуван претседател (Реџеп Таип Ердоган), додека претседателот нему му пренесе дека ова барање не го смета за соодветно. Поднесување на оставка од страна на функционер, е негова одлука, но конечната одлука му припаѓа на нашиот почитуван претседател. Оставката на министерот за внатрешни работи не е прифатена, и тој ќе продолжи со извршување на оваа функција“, се наведува во ова соопштение.