Nuran Erkul Kaya
26 Февруари 2025•Ажурирај: 28 Февруари 2025
ЛОНДОН (АА) - Британскиот производител на спортски автомобили „Астон Мартин“ објави дека го одложува својот прв проект на електрично возило, најавувајќи отпуштање на 170 вработени, што претставува околу 5 % од работната сила на оваа компанија, известува Анадолу.
„Астон Мартин“ ги објави своите финансиски резултати за последниот квартал од 2024 година.
Компанијата најави отпуштање на 170 вработени, што претставува 5 % од работната сила на оваа автомобилска компанија, во обид да заштеди 25 милиони фунти во услови на нагло зголемени финансиски загуби и долгови.
Од „Астон Мартин“ истакнуваат дека одлучиле да го одложат својот прв проект на електрично возило.
По објавувањето на овие информации, акциите на компанијата загубија повеќе од 13 %.