наука и технологија

„Волво тракс“ во 2020 започнува со сериско производство на електрични камиони

- Јонас Одермалм: „Со сериското производство на моделите FE и FL на електричните камиони ќе започнеме во март 2020 и можам да кажам дека побарувачката што ја добивме за овие модели е позитивна“

Murat Aslan  | 15.12.2019 - Обновена : 16.12.2019
„Волво тракс“ во 2020 започнува со сериско производство на електрични камиони Foto: Volvo Trucks / AA

ИСТАНБУЛ 

- Мурат АСЛАН


Јонас Одермалм, заменик-претседател за сериско производство во автомобилската компанија „Волво тракс електромобилити“ (Volvo Trucks Elektromobilite) изјави дека со сериското производство на моделите FE и FL на електричните камиони ќе започнат во март 2020 година и дека побарувачката што ја добиле за овие модели е позитивна.

Заедно со развојот на технологијата, покрај истражувањата за употребата на електричната енергија како гориво во електричните возила, се интензивираат и активностите за користењето на овој енергетски извор и кај камионите.

Изминатите денови „Волво тракс“( Volvo Trucks) ги презентираше своите модели „волво фе електрик“ (Volvo FE Electric) и „волво фл електрик“ (Volvo FL Electric). Во исто време оваа компанија продолжува со своите истражувања и со други алтернативни енергетски извори.

Јонас Одермалм, заменик-претседател за сериско производство во автомобилската компанија „„Волво тракс електромобилити“ за АА изјави дека со сериското производство на електричните модели на камиони FE и FL ќе започнат во март 2020 година, додавајќи дека побарувачката што ја добиле за споменатите модели е многу позитивна

Одермалм истакна дека технологијата се развива многу бргу и дека речиси е невозможно да се знае кој производ би го ставиле во сериско производство. Потенцираше дека и покрај тоа, принудени се да продолжат да инвестираат во технологијата.


- „Се надеваме дека ќе развиеме производи кои ќе можат да им конкурираат на дизел-моторите“

Магнус Бробак, директор на системите за полнење и надополнување во „Волво тракс“ рече дека сѐ уште се во рана фаза за да може да се споредуваат електричните со дизел-возилата во конкурентноста според цената, но ја изрази својата надеж дека во блиска иднина ќе произведат производи кои ќе можат да им конкурираат на дизел-моторите, и според цената и според изминатото растојание.

Бробак истакна дека особено за урбана употреба, електричните возила кај машините за рециклирање и кај градежните машини од аспект на трошоците се приближуваат до оние на дизел-возилата, и додаде „Доколку зборуваме за камион од овој сегмент, тогаш на среден рок очекуваме трошоците за гориво кај електричните камиони да се изедначат со оние кај дизел-камионите.“

Зборувајќи за возилата на долги релации, Бробак рече дека сѐ уште постојат многу полиња на кои им е потребно унапредување, информирајќи дека продолжуваат со истражувањата за изнаоѓање оптимално решение кај овој вид возила. Зборувајќи од аспект на трошоците, истакна дека продолжуваат со работата на многу различни опции, вклучувајќи и комбиниран систем за гориво.


- „Водородот има различни предности во однос на другите видови горива“

Јохан Морк, стратешки директор на Системите за пренос на електрична енергија, рече дека како компанија работат на истражувања на повеќе видови горива, велејќи дека според нив, на долг рок водородот би можел да се користи како гориво кај возилата на долги релации.

Морк смета дека водородот има предност бидејќи како извор на енергија е многу полесен во споредба со електричната енергија која потекнува од акумулаторите, додавајќи дека засега сѐ уште не е обезбеден доволен напредок во однос на прашањето за цената за производство.

Истакнувајќи ја предноста на водородот пред останатите видови гориво, Морк посочи „Заедно со водородот би добиле поголем капацитет за транспорт на енергија. На тој начин би добиле шанса за возење на подолги релации .“

Морк истакна дека засега не знаат колку ќе се намалат димензиите на батериите, додавајќи дека тоа е важен фактор кој ќе влијае врз многу нешта. Според него, клучна улога за иднината на електричните возила ќе одигра и цената на електричната енергија, која варира во зависност од географскиот регион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.