Gökhan Ergöçün
10 Декември 2019•Ажурирај: 11 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Секторот за висока технологија на Турција во 2019 година реализира извоз во вредност од речиси 5 милијарди долари, соопшти денеска турскиот заменик-министер за индустрија и технологија, Мехмет Фатих Каџир, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турција постави огромна инфраструктура и започна да ги гледа нејзините резултати“, рече Каџир на настан во Истанбул.
Тој додаде дека уделот на истражувањата и развојот во БДП на земјата се искачил на 1 отсто заклучно со 2018 година, од 0,5 отсто колку што изнесуваше во 2006 година.
„Уделот на приватниот сектор во издатоците за истражување и развој на земјата се зголеми на над 60 отсто од 37 отсто во истиот период“, додаде тој.
Заменик-министерот потенцираше дека персоналот кој работи во секторот за истражување и развој, од 54.000 лица во 2006 година, пораснал на 172.000 лица во 2018 година.