Ekipa
17 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
ПЕКИНГ (AA) - Компанијата „Volvo“ денес го претстави првиот модел на електрично возило за брендот „Polestar“, со што се зголемува конкуренцијата на пазарот, каде што досега доминираа возилата „Tesla“, јавува Anadolu Agency (AA).
Хибридниот „Polestar 1“, купе со четири седишта, со лесна каросерија од карбонски влакна, со едно полнење на батеријата може да помине 150 километри.
Возилото, исто така, има и бензински мотор. Предвидено е „Polestar 1“ да се произведува во фабрика во западниот дел на Кина и да се појави на пазарот во 2019 година.
„Volvo“, кој од 2010 година е сопственик на кинескиот производител „Geely Holding“, во јули објави дека од 2019 година ќе произведува електрични и хибридни возила.