İsmail Özdemir
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Директорот на Центарот за сајбер безбедност при Универитетот Богазичи (BÜSİBER) во Истанбул, Доц. д-р Билгин Метин за АА говореше за „зголемениот број закани кај телефоните кои користат оперативен систем Андроид” присутни во последно време, додавајќи дека кибер нападот започнува со инсталирање на малициозен софтвер во телефонот, јавува Anadolu Agency (AA).
Доц. д-р Метин истакна дека користењето на отворени wifi мрежи, на кибер пиратите им овозможува директен пристап до телефоните на „жртвите“.
„Доколку е потребно да дадеме пример, тогаш напаѓачите ја користат слабоста на Bluetooth (Блутут) протоколот 'Blueborne' кај андроид телефоните и вршат директен пристап до телефонот, инсталирајќи малициозен софтвер со кој преземаат контрола врз микрофонот и камерата во телефонот”.
- Внимавајте на малициозните софтвери -
Доц. д-р Метин го истакна фактот дека при кибер нападите, напаѓачите можат да дојдат до банкарските сметки на сопственикот на смарт телефонот, истакнувајќи:
„Доколку е потребно да дадеме пример на малициозен софтвер, тогаш ќе го наведам 'red alert 2', кој кога ќе посакате преку вашиот телефон да пристапите до вашата банкарска сметка, на екранот ќе прикаже слика слична на сликата од банкарскиот програм, при што при првиот обид да влезете во програмата, ќе ви јави грешка во внесената шифра. Во тоа време всушност шифрата ви е украдена. При второто внесување на шифрата, ви се дозволува пристап. На ист начин, како што се крадат шифрите за пристап до банкарските сметки, се крадат и шифрите од социјалните мрежи. Малициозниот софтвер може да го блокира и телефонското предупредување од банката. Може да ја прочита СМС пораката од банката. Има голем број малициозни програми кои можат да ви ги украдат податоците од телефонот, банкарските сметки и профилот на социјалните мрежи”.
- Предупредување за „Jailbreak“-
Во технолошкиот свет, едно од често поставуваните прашања е „Дали iPhone e посигурен од Android?”, на кое доц. д-р Метин одговори:
„Доколку iPhone со операцијата 'jailbreak' (процес на отстранување на ограничувањата на софтверот наметнати од Apple на iOS) не ја загубил својата оригиналност, не може да се биде жртва на малициозен софтвер. Но можно е да има некои слаби точки во оперативниот систем. Една од слабите точки е користењето на отворените wifi мрежи со iPhone, при што е можно кибер пиратите да пристапат до вашиот телефон. Со активирање на еден код, во вашиот телефон се формира трајна задна врата (backdoor) преку која се поврзуваат со вашиот телефон и имаат постојана контрола врз телефонот однадвор. Оваа слабост е решена со iOS 11 и потребно е корисниците да прејдат на овој оперативен систем. Доколку не се направи надградба на оперативниот систем, и затворената и безбедна пратформа iPhone може да покаже слабост”.