Hakan Çopur
16 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Барак Обама, ги коментираше тврдењата дека Русија била вмешана во претседателските избори во САД, на 8 ноемви, и додаде оти не постои сомнеж во тоа дека и САД мораат да тргнат во акција и дека тоа ќе го направат во време и на место што сами ќе ги одредат, јавува Anadolu Agency (АА).
„Доколку некоја странска влада се вмешала во нашите избори, не постои сомнеж дека и ние мораме да тргнеме во акција. Ќе го направиме тоа во време и на место што ние ќе ги одредиме“, изјави Обама за Американското национално радио.
Во медиумите се зборуваше дека Обама и рускиот претседател Владимир Путин за време на самитот Г-20 во Кина разговарале за случајот „кибер напади“.
Обама минатиот петок побара да се истражат тврдења за кибер нападите на процесот на претседателските избори, и резултатите да се достават пред 20 јануари 2017 година.
Тврдењата за кибер нападите на Русија првпат ги споменаа членовите на Демократската партија во јули. Во јавноста долго се дискутираше за тие тврдења. Американските разузнавачки служби на 7 октомври официјално предупредија за кибер нападот на Русија којшто го смени текот на изборите.
Додека ЦИА ја обвинува Русија за наведените тврдења, Трамп овие случувања ги нарече „нови изговори“.