Erbil Başay
16 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Турција презела неверојатна одговорност над три милиони бегалци и повторно е подготвена да помогне, и истакна дека тероризмот и случувањата во Сирија наголемо влијаат на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По самитот што денес се одржа во Брисел, главниот град на Белгија, Меркел изјави дека на состанокот се зборувало за односите со Турција.
Таа истакна дека нема да биде отворено ново поглавје во процесот за влез на Турција во ЕУ, но дека и покрај тоа ќе го задржи дијалогот со Турција за новостите.
Иако претходно беа искажани одредени критики во врска со некои случувања во Турција, Меркел тврди дека е јасно оти Турција е претставник на соседна држава со која се сака да се продолжат преговорите.
Меркел се осврна и на ситуацијата и на позицијата на Турција.
„Тероризмот на некој начин влијае на Турција, преку ПКК или преку ДЕАШ. Турција е соседна држава на Сирија, во која во овој момент се случуваат многу лоши работи. Ако се земе предвид близината на Алепо до границата на Турција, ќе стане појасно за што зборувам. Турција презеде неверојатна одговорност за три милиони бегалци и повторно е подготвена да помогне“.
- Напади врз цивилите во Алепо -
Меркел изјави дека началникот на општината Алепо на самитот зборувал за ситуацијата во којашто се наоѓаат граѓаните на овој сириски град, и истакна дека треба да им се помогне на оние што не успеале да излезат од подрачјата под опсада.
Германската канцеларка изјави дека за нападите врз цивилите во Сирија, покрај режимските сили, се товарат и Русија и Иран. Таа истакна дека злосторствата мора да бидат казнети и дека не може се сокрие дека тој дел од седницата бил напорен бидејќи светот се соочува со нешто што ќе биде срам за 21 век.
Меркел на крајот изјави дека не постои недостаток на волја и пари за помош на луѓето и ја процени ситуацијата во Алепо како неуспех на ОН.