Fatma Esma Arslan
16 Декември 2016•Ажурирај: 17 Декември 2016
ПАРИЗ (АА) - Во Париз избувна пожар во центарот во кој престојуваат работници мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од надлежните во париската противпожарна служба, во областа Болоњ-Бијанкур во Париз синоќа избувнал пожар во центарот каде што престојуваат работници мигранти. Во пожарот животот го загубил најмалку еден работник, а четиринаесетмина се повредени.
Пожарот избувнал на влезот во центарот и потоа се проширил кон горните катови. Вкупно биле евакуирани 250 работници, а во гаснењето на пожарот учествувале 70 противпожарни возила.
Беше соопштено дека причините за пожарот ќе се разјаснат по завршувањето на истрагата.
И претходно во близина на Болоњ-Бијанкур двапати бил опожарен центарот што го користеле бездомниците.